Панел дискусија: Меѓу чеканот и наковалната

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира панел дискусија „Меѓу чеканот и наковалната: Медиумите и новинарството во изборниот процес“ на 24 февруари (петок), во хотел Парк Резиденс, во 12:30 часот.

На панелот ќе учествуваат истакнати претставнички и претставници на медиумите кои ќе говорат за предизвиците на медиумите во текот на изборниот процес во Република Македонија. На панел дискусијата се поканети претставници на медиумите, граѓанското општество, политичките партии и заинтересираните граѓанки и граѓани. По кратките обраќања на панелистките и панелистите, ќе следи дискусија на која секој од поканетите ќе има можност да говори за различни аспекти на оваа тема.

Панел дискусијата „Меѓу чеканот и наковалната“ е дел од проектот за изборен мониторинг „Напред!“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish