Конференција за ревизија на контролата на оружје 2018

ЦИВИЛ - Центар за слобода продолжува со серијата содржини посветени на Глобалната недела за акција против оруженото насилство. Оваа содржина се однесува на Конференцијата за ревизија на Програмата за акција за спречување, борба и искоренување на недозволената трговија со мало и лесно оружје RevCon 3 која ќе се одржи во 2018 година во седиштето на Обединетите нации. 

Во 2001 година, сите земји-членки на Обединетите нации се согласија да создадат една важна нова рамка за соработка која се однесува на малото и лесно оружје и е наречена Програма за акција за спречување, борба и искоренување на недозволената трговија со мало и лесно оружје во сите нејзини аспекти (ПОА). Во рамките на ПОА, владите се согласија да ги подобрат националните закони за мало оружје, контролите за увоз / извоз и управување со залихи и да се вклучат во соработката и помошта.

Во 2005 година, тие, исто така, усвоија меѓународен инструмент за следење (ITI), која бара од државите правилно да го обележат оружјето и да водат евиденција. ИТИ обезбедува рамка за соработка за следење на оружјето - исполнувајќи една од заложбите која владите ја донесоа во ПОА.

На секои шест години, Конференција за ревизија се одржува во седиштето на ОН со цел да се разгледа напредокот постигнат во спроведувањето на ПОА и на ИТИ.

2018 година ќе ја одбележи третата конференција за ревизија, која претставува значајна можност за земјите во сите региони да земат активно учество во зајакнувањето и подобрувањето на напорите за намалување на ширењето и злоупотребата на малото и лесно оружје.

На третата по ред Конференција за ревизија (RevCon 3) на Програмата за акција и спречување, борба и искоренување на нелегалната трговија со мало и лесно оружје, Меѓународната акциона мрежа за мало и лесно оружје (IANSA) ќе се фокусира на пет клучни прашања:

  • меѓусебна соработка во спроведувањето на ПОА и Договорот за трговија со оружје;
  • поврзаноста меѓу намалувањето на малото и лесно оружје и Договорот за одржлив развој 16.4;
  • родово основана акција за спречување на пролиферацијата на малото и лесно оружје и насилството;
  • мерки за справување со насилството, криминалот, како и поставувањето конфликти;
  • нелегалната трговија со муниција.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација членка на IANSA од 2002 година и на коалицијата Контрола на оружјето (Control Arms) од самиот почеток на формирањето на Коалицијата во 2003 година. Веќе 16 години Цивил ја одбележува оваа недела преку активности за јакнење на јавната свест и едукација.