ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на Внатрешна контрола при МВР, но потсетува на важни аспекти на инцидентот

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поздравува брзото расчистување на случајот во кој четворица полицајци грубо ги пречекорија своите овластувања во саботата, на 26 јули 2017. Тогаш, група активисти на партијата Левица и новинарот на ЦИВИЛ беа бесправно врзани со лисици, а врз дел од нив се употреби и сила, како што се гледа од видео прилогот на новинарот на ЦИВИЛ.

Воедно, ЦИВИЛ ја потсетува јавноста дека нејзиниот активист и новинар Вулнет Махмути беше врзан со лисици и тоа подолго време од останатите, иако не беше дел од групата што протестираше, туку само вршеше новинарска должност.

Пред да биде врзан со лисици и грубо да биде туркан по тесните скалила во ГТЦ, тој успеа да сними краток видео материјал кој беше ЦИВИЛ го објави и кој послужи како доказен материјал за брзата постапка која ја спроведе МВР во текот на изминатите 48 часа.

По повод овој инцидент, претставници на ЦИВИЛ вчера го посетија одделението за внатрешна контрола при МВР, по што следеше и соопштение и видео обраќање за јавноста.

Оваа вест е достапна и на: English