ЦИВИЛ препорачува да се подобрат условите за работа на општинските изборни комисии

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја поздрави одлуката на Владата да го реши долгогодишниот проблем на ДИК со деловниот простор. Сепак, остануваат повеќе други предизвици поврзани со условите за работа на телата на ДИК. 

Во соопштението на ЦИВИЛ се вели дека во текот на во изборното набљудување во изминатите години, ЦИВИЛ нотираше дека голем број општински изборни комисии се сместени во непристапни простории и без елементарни услови за работа. Во повеќе наврати во минатото, ЦИВИЛ бараше од релевантните институции на државата да обезбедат услови за непречена и квалитетна работа на Државната изборна комисија и на сите нејзини тела.

Во таа смисла, ЦИВИЛ препорачува, согласно законските решенија, ДИК да изврши теренска проверка на објектите во кои се сместени општинските изборни комисии и да преземе неопходни мерки за подобрување на условите за работа и пристапност.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish