Н.Е. Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија, беше говорник на конференцијата СЛОБОДНИ ИЗБОРИ ЗА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО, која ја организираше ЦИВИЛ - Центар за слобода на 25 септември, првиот ден од законски предвидениот рок за предизборна кампања. Амбасадорот Герберих говореше за предизвиците и перспективите на Македонија и нагласи дека земјата се наоѓа пред огромна реконструкција на политички, економски и социјален план. Врвни експерти и претставници на институциите, граѓанското општество и меѓународната заедница говореа за сите аспекти на изборниот процес кој ѝ претстои на Македонија.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов, Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента