ЦИВИЛ со пораки до јавноста и препораки до партиите и институциите во пресрет на локалните избори

На ден пред изборниот молк, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува медиумите, претставниците на граѓанските организации и набљудувачките мисии, набљудувачите на ЦИВИЛ и сите заинтересирани граѓанки и граѓани на јавна презентација за локалните избори, в петок, 13 октомври, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

ЦИВИЛ ќе упати пораки до јавноста и препораки до политичките партии и институциите и ќе го презентира својот план за денот на гласањето. Воедно, за претставниците на медиумите ќе биде подготвен печатен извештај од прес конференцијата која се одржа на 10 октомври. Презентацијата ќе биде достапна и на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish