„Граѓанска повелба - Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ -Центар за слобода ќе ја промовира Граѓанската повелба и истражување на можности за меѓусекторска соработка и партнерства.
Проектот започна на 1 февруари и ќе трае 60 дена. Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.
ЦИВИЛ ќе одржи работилници со по 2-3 претставници од секоја целна група во главниот град Скопје и во кумановско-липковскиот регион. На крајот од пилот проектот, ќе се одржи мини-конференција, на која ќе бидат поканети претставниците на Владата и Парламентот, медиумите и пошироката јавност. Екипата на ЦИВИЛ Медиа ќе продуцира и повеќе медиумски содржини за популаризација на Граѓанската повелба.
Граѓанската повелба ќе биде промовирана и преку информативни штандови, а ќе се отпечати и брошура со Граѓанската повелба на сите јазици што се зборуваат во земјата.
Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.
А.Петровска