ЦИВИЛ промовира три книги со повеќе од 350 колумни, на вкупно 1000 страници во клубот Сити Хол (до МКЦ), во среда, 30 мај, со почеток во 20:30 часот.
"Во чекалницата на слободата" од Сашо Орданоски, на 440 страници, "Рафал" од Џабир Дерала и "Неправда и немир" од дваесетина авторки и автори на ЦИВИЛ, со по 280 страници, ќе овековечат еден тежок и неизвесен период за Македонија.
На едно место ќе се најдат многу различни ставови за сите релевантни теми, настани и процеси со кои се засегнати сите граѓанки и граѓани на земјата. Заедничко за сите три книги е тоа што се објавени на ретко
слободен и независен медиумски простор кој го создаде ЦИВИЛ со проектот "Слободни медиуми за слободно општество".
"Различните, па и спротивставени мислења и ставови за ЦИВИЛ се вредност која треба грижливо да се негува. Слободата изразувањето е нешто за кое не се преговара. Без оглед на тоа колку некој став може да биде различен од ставовите на ЦИВИЛ, тој ќе биде објавен, под услов да не содржи говор на омраза, лаги и клевети, што се забранети и со закон." - изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, по повод најновиот издавачки потфат на организацијата.
Печатењето на овие изданија е помогнато и со спонзорства од компаниите "Тиквеш", Парк Хотел и Спа и Комерцијална банка. Изданијата ќе бидат на продажба на самиот ден на промоцијата и во книжарниците веднаш потоа. Средствата прибрани од продажбата се наменети за развој на слободната медиумска платформа на ЦИВИЛ.
Проектот "Слободни медиуми за слободно општество" е финансиран од Министерството занадворешни работи на Сојузна Република Германија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian