ЦИВИЛ беше во посета на Кавадарци, Росоман и Велес каде преку инфо штандови ги промовираше зелените иницијативи и европските вредности, како и потребата од граѓанско учество и демократски реформи во Македoнија.
Граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со проектот и активностите на организацијата, во разговор со тимот на ЦИВИЛ да споделат свои мислења и ставови како може активно да придонесат во промовирање на европските вредности и зелените иницијативи.
Тимот на ЦИВИЛ одржа и работилница на тема „Каква Македонија сакам?“ во Велес на која учествуваа градоначалникот, претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации и медиумите.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Акција - Интеграција“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.