По повод Меѓународниот ден на човековите права, Цивил организира поетска вечер под наслов „Стихови на слободата“ во Цреша Бар, во вторник, 10 декември, со почеток во 20 часот. Игор Исаковски, Јовица Ивановски, Илир Ајдини, Мирослав Стојановиќ - Шуки и Џабир Дерала, придружени со диџејски сет и видео-арт, ќе го одбележат денот на човековите права, еден од најзначајните денови за човештвото.
Ова е „машко друштво“ на поети и уметници и за првпат во историјата на Цивил има ваков тотален родов дисбаланс, што е иронична порака сама по себе. И со оваа поетска вечер на човековите права Цивил и уметниците ќе испратат порака до сите граѓан(к)и на Македонија и светот. Секако, во духот на слободата, програмата вклучува и „отворен микрофон“, по настапот на учесниците во програмата.
„Стихови на слободата“ е заеднички наслов на поетски и мултимедијални перформанси во организација на Цивил во рамките на проектот-иницијатива „Проговори!“ – уметниците за човекови права и солидарност, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.