Експерти и креатори на јавното мислење ќе дискутираат за идентитетите

ЦИВИЛ - Центар за слобода ja огранизира панел дискусијата „Губење на идентитетот или...?“ денеска (15 ноември 2018), во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. Десетина експерти и креатор(к)и на јавното мислење ќе имаат 10-минутни излагања во кои ќе се осврнат на идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор со името.

На панелот десетина експерти и креатори на јавното мислење ќе се осврнат на индетитестските и политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македнско-грчкиот спор со името.

Настанот е затворен за медиуми, поточно, не е дозволено видео и аудио снимање на настанот. Излагањата ќе бидат снимени, а потоа и објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, достапни за сите заинтересирани медиуми.

На панел дискусијата ќе бидат претставени ставовите и анализите на Ѕвездан Георгиевски, Петар Богојевски, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Војо Маневски, Сашо Орданоски, Катерина Колозова, Љубчо Георгиевски, Мирјана Најчевска, како и на Синиша Станковиќ и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Излагањата на учесничките и учесниците на панел дискусијата ќе бидат објавени во печатена публикација во декември. Овие активности се спроведуваат во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish