Инспиративен и динамичен семинар за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ во Штип

ЦИВИЛ започна со новата серија на регионални семинари. Првиот семинар  „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“се одржа во Штип со учество на над 20 учеснички и учесници од југоисточниот регион.

Арбен Зеќири, семинар за граѓанско новинарство, Штип, 28 септември 2019/Фотографија Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Преку оргомното искуство на тимот на ЦИВИЛ и инспиративните и динамични предавања на новинарите Арбен Зеќири и Зоран Иванов, идните граѓански новинарки и новинари имаа можност да интерактивно, преку дијалог и практични вежби да се запознаат со основите на новинарството, но најважно со граѓанското учество, граѓанскиот активизам, човековите права и слободи и граѓанското новинарство, пред сè, како начин за директно влијание на општенствени промени.

Посветени на јакнење на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство, ЦИВИЛ ги инспирираше присутни учеснички и учесници да ги искористат новите технолошки придобивки, достапни на сите, како алатка за брз и лесен трасфер на информации за клучните проблеми во нивните места на живеење  и преземање конкретни чекори за нивно решавање.

Зоран Иванов, семинар: „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, Штип 28 септември 2019/Фотографија Б.Ј. ЦИВИЛ

Овој еднодневен регионален семинар претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Оваа вест е достапна и на: English