Цивил - Центар за слобода упатува отворен повик до сите заинтересирани да се вклучат во набљудувањето на изборниот процес. Повикот е отворен за две позиции:
- Краткорочен набљудувач, за времето на изборниот молк и самиот изборен ден
- Долгорочен набљудувач, за време на целиот изборен процес
Кандидатите своите апликации, кои треба да бидат составени од кратка биографија (не повеќе од една страна) и мотивационо писмо (не повеќе од една страна), треба да ги достават на [email protected] најдоцна до петок во 17 часот. Селектираните кандидати ќе бидат акредитирани за вториот круг на претседателските, односно предвремените парламентарни избори.
*Апликациите може да ни ги доставите најдоцна до петок, 11 април, до 17 часот. Апликациите пратени по пошта и телефонските јавувања нема да бидат земени предвид.
Кандидатите не треба да бидат членови на политичка партија и да бидат набљудувачи во други тимови кои ќе ги набљудуваат изборите.