Седница на Собранието на ЦИВИЛ ќе се одржи на 15 и 17 октомври, на која ќе се разгледуваат постигнатите резултати во изминатиот период, а ќе се носат одлуки и за стратешки и програмски определби во наредниот петгодишен период.
Предлог-агендата на седницата на Собранието на ЦИВИЛ интензивно се подготвува веќе еден месец и половина. Таа е прилично амбициозна, а меѓу другото се предвидува дискусија за креативни идеи за идните активности и проекти на ЦИВИЛ. Се предвидуваат и низа организациски и методолошки подобрувања за поефикасно функционирање во чекор со светските процеси и трендови.
Собранието на ЦИВИЛ ќе дискутира и за нови идеи и визии кои ќе станат дел од стратегијата 2021-2025.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
Оваа вест е достапна и на: Albanian