ЦИВИЛ е во потрага по соработници и волонтери за организацијата, како и за медиумската платформа. Се разбира, предност имаат активните поддржувачи и членови на организацијата кои деновиве ќе добијат насоки за аплицирање и за ажурирање на нивното членство.
Воедно, ЦИВИЛ објавува дека во тек е процесот на зајакнување на организациската структура, ажурирање на членството и формирање нови работни и мониторинг групи низ целата земја.
Повеќе информации ќе објавиме во текот на оваа недела.