Државната изборна комисија не може да изврши никаква интервенција во Изборниот список, затоа што Министерството за внатрешни работи има обврска и одговорност да говори за валидноста на документацијата. Оваа одлука ја донесе ДИК на денешната седница, по барањето кое го испрати Цивил, околу инфорамциит дека во Изборниот список има гласачи кои се регистрирани на непостоечки адреси и дека има фантомски станови и влезови во скопската населба Кисела Вода.
„Го разгледавме вашето барање, но, како што одлучи компетентниот суд, не можеме ништо да направиме во овој момент. Министерството за внатрешни работи е тоа кое ги издала валидните документи и колку нивната валидност е вредна, не можам да кажам, туку треба МВР да се произнесе и да каже како е издадена нивната документација и дали е таа валидна“, изјави за Цивил, потпретседателот на Комисијата, Субхи Јакупи.
По второто барање кое Цивил го испрати на адреса на ДИК за да се разгледаат воочените нерегуларности вчера во населба Капиштец за непостоечки згради, Јакупи додаде дека ДИК во врска со ова ќе одржи седница по три дена, кога ќе донесе конечна одлука.
Арбана Ќерими
Оваа вест е достапна и на: Albanian