Студентите протестираа против насилството во Радишани

Малку студенти, многу полицајци. Десетина студенти од Студентското движење Форца, протестираа против насилството спроведено врз семејството во Радишани минатата недела. Фуркан Салиху, активист на ова движење изјави за Цивил Медиа, дека поради многубројните притисоци, на овој протест излегоа многу малку студенти.

„Тука поставивме цвеќиња и за оние малку полицајци кои само земаат плата, а во најголем број случаи не го бранат недолжниот граѓанин. Најсвеж пример е тој во населбата Радишани. Ние изразуваме жалење и за настанот што се случи следната ноќ, кога беа тепани ученици Македонци. Изразуваме жалење и за нивните семејства“, рече Фуркан Салиху.

Иако бројот на протестанти беше симболичен, бројот на полицајци беше многу голем.

 

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email