Некогашниот потпретседател на Младината на ДПА, Адриан Демири, физички и вербално е нападнат во Стара Скопска Чаршија. Нападот, според Демири, е извршен од страна на активистите на ДУИ, Омер Буњаку, Ариан Ливарека и Бесник Ејупи.
Демири за Цивил Медиа изјави дека физички го нападнале и му се заканувале да не доаѓа веќе во Чаршија, бидејќи навредил висок претставник на ДУИ.
„Бев со друштво и без никаква причина ми се доближија и ме нападнаа велејќи ми дека сум зборел против претседателот на Општина Чаир, Изет Меџити, и против ДУИ. Јас, напротив, коментирав за работата на ДУИ и никого не сум навредил лично. Ми рекоа да не излегувам веќе во град, да одам во Слупчане, каде што сум роден, иако моментално живеам во Скопје“, ни изјави Демири.
Активистот на ДУИ, Омер Буњаку, при телефонскиот разговор негираше дека го нападнал и не сакаше повеќе да коментира.
Истовремено, нашиот известувач од Гостивар јави за активисти на ДУИ и ДПА дека имале вербален конфликт на градскиот плоштад.
Некои медиуми од овој град известија и за конфликт меѓу активисти на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Арбана Ќерими
Оваа вест е достапна и на: Albanian