Цивил – Центар за слобода разговараше со професорот Мерсел Билали. Во интервјуто тој ја дава својата оценка за изборниот процес. Го прашавме професорот каде избегаа зборовите “фер и демократски“ од извештаите на ОБСЕ/ОДИХР за изборите. Во интервјуто Билали објаснува што претставува неодвојувањето на партијата од државата. Разговаравме и за масовната појава на поткуп на гласачи. На самиот крај од интевјуто професорот Билали дава оценка за постизборната политичка состојба, како резултат на најавата на СДСМ и НДП дека нема да влезат во Собранието.
Џелал Хоџиќ