Промовиран изборниот извештај на Цивил, сега достапен за преземање од интернет

Во тек е промоцијата и изложбата на артефакти во организација на Цивил - Центар за слобода како завршен настан во рамките на проектот „Слободни избори 2014“. Посетителите на поставката, која ќе биде отворена до крајот на оваа седмица во ГЕМ клубот во старата скопска чаршија, може да си подигнат примерок од публикацијата „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“ достапна на македонски, албански и англиски јазик, како и во електронско издание на ДВД придружено со детален дневник на настани во контекст на македонските избори и 42 видео прилози и фотографии кои ја документираат работата на Цивил во текот на овој обемен проект. Покрај изложените артефакти во поставка креирана во соработка со Филип Јовановски и Никола Писарев, можете да ја проследите и стрип изложбата на Игор Стевковски - Стевац кој ги изработи стрип илустрациите за публикацијата.

За нестрпливите, кликнете подолу на посакуваниот јазик за да ја преземете публикацијата на вашиот компјутер, таблет или паметен телефон директно од интернет.

Дисквалификувана демократија Demokracia e diskualifikuar Democracy Disqualified

Во прилог можете да го проследите и промотивното видео премиерно прикажано денес, со фрагменти од интервјуа, изјави и истраги од информативната редакција Цивил Медиа.

За оние кои го пропуштија денешниот настан, погледнете ја атмосферата од галеријата.

Петар Стојковиќ