Предизвици и решенија за слободата на медиумите во Македонија

Македонија стана светски лидер во кршење на слободата на медиумите и на основните права и слободи на човекот. Според организацијата Репортери без граници, Македонија е на 123 место во светот, според слободата на медиумите, пад за 89 места за две години. Власта и судовите изрекуваат драконски казни за новинари и уредници во судски процеси кои се очигледно политички мотивирани. 

Џабир Дерала - Претседателот на Цивил

Џабир Дерала - Цивил

“Се води континуирана предизборна кампања со години. Се воспостави партиска контрола врз регулаторното тело за медиуми. Ова се само дел од состојбите со слободата на говорот и медиумите во Македонија кои се мотив за нас да бидеме активни и гласни во заложбите за демократија, слобода на говорот и почитување на човековите права”, вели претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Новинарот Томислав Кежаровски осуден на 4,5 години затвор поради напишан текст. Новинарот Зоран Божиновски мета на меѓународна потерница. Медиумите се речиси во потполност под контрола на власта. Црниот понеделник пред две години директно и брутално ги поткопа темелите на демократијата. Претходно, видовме полициска интервенција за затворање на една национална ТВ и три весника кои беа критички настроени кон власта. Новинари беа туркани и тепани кога се обидоа да протестраат.

По овој повод, Цивил и Фондација Фридрих Еберт организираат дискусија на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ во среда, 15 октомври, во ГЕМ Клуб (Скопје, Стара Чаршија), со почеток во 11:30 часот.

Специјален гостин на овој настан е г. Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници Германија, кој ќе ги презентира наодите и ставовите на оваа тема.

Кристијан Мир - Извршен директор на Репортери без граници Германија

Кристијан Мир - Извршен директор на Репортери без граници Германија

Медиумите се добредојдени да известуваат за овој настан и да ја пренесат оваа дискусија на пошироката јавност. Организаторите на настанот ќе подготват јавен извештај за наодите и заклучоците од дискусијата. Организаторите обезбедија онлајн стриминг на настанот.

Арбана Ќерими