Солидарни со новинарите на Фокус

Во четврток, во ресторанот на МКЦ во Скопје, со почеток во 21.30 новинарскиот бенд Рипортерс ќе одржи завршен концерт на турнејата низ Македонија „Солидарност за слобода“ за јакнење и промоција на Солидарниот фонд за новинари. 

Знаејќи го ова, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, новинарскиот бенд Рипортерс, Здружението на новинари на Македонија, со поддршка на Американската амбасада, ја покрена акцијата „Солидарност за слобода“. 

Денес, кога новинарското достоинство е погазено, кога новинарите се затвораат, добиваат физички закани, а оние што работат во независните медиуми се казнуваат со високи казни за пренесено мислење НОВИНАРСКАТА СОЛИДАРНОСТ Е НЕОПХОДНА.

Преку оваа акција веќе е формиран Солидарен фонд за итни случаи и за финансиска помош на новинарите на кои таа им е потребна. Одржани се неколку солидарни вечери, а настанот во МКЦ е дел од акцијата за собирање средства за нашите колеги. 

Концертот ќе се одржи како придружен настан на VII Медија Форум на Југоисточна Европа на кој учествуваат повеќе од стотина новинари, уредници, професионални медиумски организации и експерти, како и политички и дипломатски претставници од цела Европа.

Биљана Јордановска