СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА!

По повод Меѓународниот ден на социјалната правда, 20 Февруари, ќе се одржи прес конференција утре, среда, 18 февруари, во просториите на Фондација Фридрих Еберт, со почеток во 12 часот.

В петок, на 20 февруари, Иницијативата СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, СЕГА! ќе одржи две проекции на снимените информативни и документарни прилози на два плоштада во Штип, со почеток во 17 и 18:30 часот, на кои ќе се отвори и дебата со присутните.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа продуцира истражување и информативни содржини за социјалната правда со посебен осврт на состојбата на работничките права на текстилните работници/чки во Штип. Во прилогот се поместени повеќе изјави од експерти и претставници на граѓанскиот сектор, како и од градоначалникот на Штип.

 За иницијативата:

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА! е иницијатива на организации на граѓанското општество засегнати со растечките проблеми во сферата на социјалната правда во Република Македонија. Неа ја сочинуваат ЦИВИЛ – Центар за слобода, Хелсиншки комитет за човекови права и Македонска платформа против сиромаштија. Иницијативата е поддржана од Фондација Фридрих Еберт.

Активностите на иницијативата се состојат во јакнење на јавната свест и застапување на работничките права, синдикализмот, подобрување на легислативата за нивна заштита и нејзина доследна имплементација.  Иницијативата СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА! се залага и за заштитата на другите социјални и општествени категории како што се хонорарците, младите, стечајните работници, социјално загрозените и низа други социјални групи во општеството кои секојдневно се соочуваат со грубо кршење на нивните социјални права и со дискриминација од институциите на централно и локално ниво и работодавачите.

Иницијативата е отворена за организации, граѓански групи и поединци кои се залагаат за социјална правда.

ФБ страна на Иницијативата. Кликни тука, лајкни, коментирај, сподели информација, сторија, сведоштво...

ФБ страна на Иницијативата. Кликни тука, лајкни, коментирај, сподели информација, сторија, сведоштво...

Оваа вест е достапна и на: Albanian