Хонорарците не се богаташи!

Во 15 градови низ Македонија веќе две недели се пополнуваат формулари за групната претставка до Уставниот суд против пакетот на неуставни закони со кои се ограничуваат правото на работа и на еднаквост на хонорарците и не се почитува забраната на повратното дејство на законите. Потсетуваме дека секој може да се приклучи кон иницијативата преку пополнување на формуларите.  Иницијативата ќе трае до 6-ти април секој работен ден од 9 до 16 часот. Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како еден од поддржувачите, ги повикува сите граѓанки и граѓани масовно да се вклучат за да се запре неправдата и штетата кои неправедно им ја нанесува власта на хонорарците. Формуларите можат да се пополнуваат и во просториите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на ул. Максим Горки, бр. 31/1 во Скопје, од 9 до 16 часот. (Контакт: Арбана Ќерими, тел. 02 52 09 176).

Во Скопје, формуларите се достапни за граѓаните за пополнување и потпишување во просториите на ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 3224 701, секој ден, а за време на викендот, ќе има и штанд во Градскиот парк.

Во останатите градови, формуларите се достапни на следните локации:

Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел. 047 233 020;

Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одржлив развој, ул. Гоце Делчев 24, тел. 031 481 542;

Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул. Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046 835 106;

Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба Сењак), тел. 032 383 116;

Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул. Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;

Струга: Центар на Заедницата на општина Струга, ул. Владо Малески б.б. ( зграда на Министерство за одбрана), тел. 046 839 112;

Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;

Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117

Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;

Берово: Здружение за промоција и заштита на правата на Ромите – Roma Future, тел. 075 621 267;

Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;

Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438.

Ви благодариме на поддршката!