ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА

Тепање, туркање, навреди и грубости, како и едно брутално апсење - се искуствата на студентките и студентите кои синоќа во читалната на градската библиотека „Браќа Миладоновци“ кај Буњаковец, на бул. Партизански одреди се соочиле со специјалните сили на полицијата. 

Односот на овие полицајци, нивната агресивност и размерот и досегот на нивната акција се очигледен показател дека синоќа полицијата не го бранеше објектот на владата, туку се даде во безмилосна потера и пресметка со секој што им се најде на патот.