„Влеговме со едно главно барање, а тоа е во овие шест месеци да го фатиме последниот воз за влез во НАТО... Ако не се реализираат приоритетите, а приоритет над приоритетите е членството во НАТО, тогаш се поставува прашањето зошто ние треба да сме во таа влада.“ Ова го изјави Изет Меџити, член на претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ), во интервју за ЦИВИЛ Медиа, објавено на 28 мај 2014 година.
Поминаа шест месеци, а и други шест месеци. Македонија не е во НАТО, а ДУИ е сѐ уште во Владата. Според партискиот портпарол Бујар Османи, најновото оправдание за останување во власта на неговата партија е дека не размислуваат емоционално, туку рационално, дека се грижат за стабилноста на земјата.
Однесувањето на ДУИ е спротивно на ставовите изнесени минатата година. Подржувањето и учеството во оваа власт ја прави оваа партија соучесник во сите политики и практики кои оваа власт ги спроведува во изминатите седум години.
Или, во духот на говорот на поранешниот амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере, на тематскиот конгрес на ДУИ одржан минатиот месец, кога, меѓу другото, констатираше дека „ароганцијата со која владејачката партија ја наметна својата тесна партиска идеологија стана толку убедлива што Македонија е во опасност да ја загуби сопствената душа“ и праша: „Но, што правеше ДУИ во Владата овие седум години?“
Цивил – Центар за слобода
Оваа вест е достапна и на: Albanian