Човечката жртва на оружјето

Глобална недела за акција против оруженото насилство, 11-18 мај 2015 година.

Оваа година, Глобалната недела за акција против оруженото насилство се одбележува од 11 до 18 мај 2015 година. Оваа глобална акција е инцијатива на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA). Третиот ден од оваа недела (13 мај 2015) коинцидира со отворената дебата за мало оружје на Советот на обединетите нации. Week of Action Logo 2015

ЦИВИЛ – Центар за слобода во текот на оваа недела ќе организира арт работилница за деца и млади, видео проекција и дебата на тема Човечката жртва на оружјето со цел да се зајакне јавната свест за заканите и опасностите од култот кон оружјето.
Глобалната недела за акција против оруженото насилство е време кога граѓан(к)ите треба да ја промовираат борбата против огеното оружје, а властите да се потсетат на постојните стандарди и спогодби за контрола на распространувањето и шверцот со оружје. Оваа недела треба да се искористи за едукација и јакнење на јавната свест со цел елимирнирање на нелегалното оружје и оруженото насилство на улиците и во домовите.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација членка на IANSA од 2002 година и на коалицијата Контрола на оружјето (Control Arms) од самиот почеток на формирањето на Коалицијата во 2003 година. Веќе 14 години Цивил ја одбележува оваа недела преку активности за јакнење на јавната свест и едукација. Тешките состојби во земјата, политичката криза, разнишаната безбедносна состојба и нефункционирањето на институциите на државата ја прават темата на контролата на оружјето исклучително важна за нашата земја. Сите напори и повици на ЦИВИЛ, институциите посериозно да се зафатат со безбедноста  на граѓаните, надминувањето на култот кон оружјето и борбата против нелегалното оружје, не наидоа на одзив во изминатите години.

Тимот на Цивил ќе биде на располагање за комунакција со медиумите и граѓаните за споделување на информации за активностите на национално и меѓународно ниво.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish