ЦИВИЛ Медиа разговараше со сликарката Касиопеја Наумоска колку политичката состојба влијае врз животот на уметниците. Таа вели дека сликите се показател за времето во кое се живеело и политиките кои ги воделе државите. Наумоска додава дека сликите остануваат да сведочат, за што се пример и врвни уметнички дела од познати автори во разни светски галерии, што до ден-денес имаат непроценлива вредност.
„Оваа политичка состојба влијае кај сите уметници различно. Верувам дека многу влијае посебно на една генерација на која и припаѓам и јас. Ние бевме во расчекор 20-тина години и тоа носи печат во било кое творештво, а не само во ликовната уметност“, изјави Наумоска.
На уметничката работилница „Боите на слободата“ повеќе уметници, сликаа на тема „Слобода“ во „Кампот на слободата“ пред Владата.