Тимот на ЦИВИЛ Медиа во рамките на иницијативата Социјална правда сега! разговараше со Иван Николовски, претседател на Здружението на стечајни работници од Охрид, Струга и Ресен.
Тој ни раскажа со каква трагедија се соочува Охрид по затворањето на фабриките „Езерка„, „Застава“, „Отекс“, „Братство“ и на многу други, кога илјадници охриѓани останале на улица. Денес, стечајците со 25 години стаж и нерегулиран статус, сами мора да се снаоѓаат.
„Ние не сме луѓе од втор ред. Состојбата на стечајците е трагедија. Немаат леб да јадат. Баравме помош, стечајците барем сметките да можат да ги платат. Пак парите ќе се вратеа на државата, а стечајците ќе имаа некоја сигурност без секојдневно да се соочуваат со извршители“, изјави нашиот соговорник.
Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ
Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега!Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.