Законот за ризична браменост ги заштитувал мајките кои во моментот на ризична бременост немаат шестмесечен работен однос. Меѓутоа, институциите ја изневериле младата мајка од Струга.
ЦИВИЛ Медиа, во рамките на иницијативата Социјална правда сега!, со младата стуржанка разговараше за нејзиното патешествие низ институционалните лавиринти, како живее денеска и дали се надева на судска разрешница на нејзиниот случај.
„Кога останав на трудничко боледување, парите кои требав да ги добијам за децата не стигаа. Се распрашав и од Фондот за здравство ми рекоа дека немам право на паричен надоместок, бидејќи немам шестмесечен стаж. Кога им објаснив дека јас отидов со законот за ризична бременост на боледување, ми одговорија дека законот бил укинат во меѓувреме. И до ден денеска чекам судска разрешница. Се прашувам дали за мене има правда? Не можев да продолжам со работа поради состојбата и да го ризикувам животот на моите деца“, ја започна својата тажна приказна мајката со три деца.
Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ
Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега! Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.