Добредојде за бегалците, наспроти полициска бруталност

Левичаркото движење Солидарност организираше мировен собир за бегалците Македонија вели: Добредојдовте! по повод Европскиот ден за акција во солидарност со бегалците на плоштад Македонија, денеска. На повикот од Солидарност се одзваа стотина граѓаникои им посакаа добредојде на бегалците и на сите што бегаат од различни форми на терор и насилство, окупација и експлоатација.

Активистки и активисти одржаа неколку емотивни говори за нивните лични искуства и ставови за состојбите поврзани со бегалската криза и третманот на властите кон нив. „Бегалците се благослов за Македонија бидејќи успеаја да го направат тоа што ниту еден проект финансиран од многу пари не успеа да го направи во минатото, а тоа е да нѐ обедини сите нас под една кауза - да им помогнеме на бегалците“ – рече активистката Мерсиха Селимовиќ.

Габриела Андрееска сподели дека никогаш не била изложена на илјадници деца. „Бебиња, бремени жени кои спијат на бетон на улица кои одат пеш на автопати на пруги и ни велат вода. никогаш нема да ги заборавам авганистанката која дојде од граница и истрча барајќи го својот осумгодишен син Ахмед, кој останал на другата страна“ – рече Габриела.

„Пред два дена воопшто не знаев дека постои ваков ден, ден на бегалците, но изминативе четири месеци секој ден за мене е ден на бегалците. Оние кои не гледаат во овие луѓе терористи туку луѓе со мака. Кај повеќето од нас беше јасно тогаш дека државата, владата нема ништо да преземе за жервите. Не сакавме да бидеме неми набљудувачи. Како можеше да биде забрането на луѓе кои што гинат. На таткото Авганистанец чиј син загина на пругите и не знаеше дали да го закопа со своите четири ќерки.“ го заврши својот говор Милица Шкариќ со серија тревожни прашања

Исто така, активистките и активистите, револтирани од изјавата на министерот за надворешни работи Никола Поповски околу тоа дека, како што направи Унгарија, можно е и Македонија да изгради ѕид на граница со Грција со цел спречување на влез на бегалците во земјата, порачаа дека луѓето се тие кои треба да се заштитат, а не границите.

Во таа смисла, Артан Садику од Солидарност истакна: „Последниве денови Република Македонија е на сите насловни страници со сторијата за плановите за градење ѕид меѓу Македонија и Грција. Можеби не сме доволно силни да го сопреме градењето на тој ѕид, но можеме да испратиме порака до владата која има таков план, но и до меѓународните другари. Замислете Камениот мост да беше ѕид. Тој ѕид што го планираат не е ни малку поразличен!“

Од говорот на Суад Мисини моѓе да се издвои неговата теза за човечноста: „Што правиме ние за да им овозможме на некои луѓе да најдат мир, бегаќи од хорор? Дури и со имотен лист нивниот начин на живот и нивниот живот во целина е уништен. Живееме во време кога правото некој да се нарече човек треба да се стекне. Дојдено е време кога правото некој да се нарече човек може да биде одземено. За некој да се нарече човек треба да поседува СЕТ вредности: Солидарност Емпатија и Толеранција. Тоа нѐ прави луѓе!“

Во рамките на настанот, се собираше и хуманитарна помош за помагање на бегалците. Се собраа чадори, мантили за дожд, обувки и финансиски средства. ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со соопштени за поддршка на овој собир.

Емрах Реџепи

Ермин Климента