ЦИВИЛ е со отворени врати за граѓан(к)ите, како и секогаш. За што се работи?
Политичкиот договор за надминување на политичката криза во Република Македонија предвидува обезбедување минимум услови за слободни избори во 2016 година. Преговорите на водечките политички партии со посредство на меѓународниот медијатор Питер Ванхауте се отежнати и наметнуваат повеќе прашања и недоумици отколку одговори.
ЦИВИЛ – Центар за слобода воведува „Мој термин“ отворен за медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани. Во него ќе издадеме рецепти, согледувања, сознанија и ставови за политичкиот процес и преговорите во контекст на изборниот процес, како и за проектните активности на ЦИВИЛ.
Го закажуваме првиот „Мој термин“ во просториите на ЦИВИЛ, в петок, на 9 октомври, од 12 до 14 часот. Повелете!
Оваа вест е достапна и на: Albanian