На 17 октомври 1987 година, сто илјади луѓе од сите слоеви на општеството се одѕваа на повикот од Јосиф Вресински да дојдат сите заедно во Париз за да го одбележат првиот Светски ден за надминување на екстремната сиромаштија во Куќата на човекови права и слободи, каде во 1948 година беше потпишана Универзалната декларација за човекови права.
Дури во 1992 година, Генералното собрание на Обединетите нации донесе одлука за одбележување на Светскиот ден за борба против сиромаштија. Извештајот на Генералниот секретар на ОН смета дека е важно - лицата кои живеат во екстремна сиромаштија да не бидат маргинализирани, туку спротивно, вклучени во социјалниот живот. Нивното имлементирање во заедницата може да помогне во борбата против екстремната сиромаштија, но и да ги промовира начините за мобилизација на сите заинтересирани страни, базирани на заштита на човековите права.
Медиумите во Македонија 17 Октомври го обележаа со изјавите на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и на претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким. Според нив, бројката од над 900 милиони сиромашни во светот, може да се намали само ако се државите бидат подготвени да инвестираат во своите граѓани и да ги намалат конфликтите кои оставаат цели семејства на улица.
ЦИВИЛ – Центар за слобода во рамки на Иницијативата социјална правда сега!, пролетта објави статистика во која стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 28.6 %.