Искористете ја оваа неповторлива можност! Учете од најдобрите! Бидете граѓански новинар(к)и! Семинарот „Биди граѓански новинар!“ ќе се одржи во Скопје на 31 октомври и 1 ноември и на него може да се пријават жители на Скопје, Куманово, Липково, Тетово, Гостивар и околните општини.
В четврток (29 октомври) истекува рокот за пријавување учество на семинарот! Напишете кратко мотивациско писмо на [email protected] со назнака: Пријава за семинар.
Семинарот е наменет за обука на активни граѓан(к)и за „граѓанско новинарство“, односно за стекнување знаења и вештини за набљудување и известување за сите видови кршење на човековите права, дискриминација, притисоци и злоупотреби. Посебен акцент ќе ставиме на кршењето на гласачкото право.
Предавачи на овие семинари ќе бидат истакнати професионалци и експерти од областа на новинарството и активизмот. На секој од семинарите можат да се пријават сите полнолетни граѓан(к)и со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по една страница) во кои накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарите. Секој учесник кој ќе ја заврши обуката ќе добие и сертификат.
Првиот семинар ќе се одржи во Скопје на 31 октомври и 1 ноември, на кој може да се пријават жители на Скопје, Куманово, Липково, Тетово, Гостивар и сите други околни општини.
Останатите четири семинари ќе се одржат во текот на ноември и декември и ќе ги покријат сите останати региони на Македонија.
Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.