Граѓански објектив во Велес

Искористете ја оваа неповторлива можност! Учете од најдобрите! Бидете граѓански новинар(к)и!

Вториот од серијата семинари од проектот „Граѓански објектив“, ќе се одржи во Велес на 7 и 8 ноември и на него можат да се пријават и граѓан(к)и од Кавадарци, Демир Капија, Неготино, Штип, Кочани, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип и соседните рурални општини.

В четврток (5 ноември) истекува рокот за пријавување учество на семинарот -„Биди граѓански новинар!“.  во Велес, наменет за обука на активни граѓан(к)и за „граѓанско новинарство“, односно за стекнување знаења и вештини за набљудување и известување за сите видови кршење на човековите права, дискриминација, притисоци и злоупотреби. Посебен акцент ќе ставиме на кршењето на гласачкото право.

teaser CLPПредавачи на овие семинари ќе бидат истакнати професионалци и експерти од областа на новинарството и активизмот. На секој од семинарите можат да се пријават сите полнолетни граѓан(к)и со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по една страница) во кои накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарите. Секој учесник кој ќе ја заврши обуката ќе добие и сертификат.

Следните три семинари ќе се одржат во текот на ноември и декември и ќе ги покријат сите останати региони на Македонија.

Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.