Џабир Дерала, ЦИВИЛ: БАРАМЕ ПОЧИТУВАЊЕ НА ВОЛЈАТА НА ГРАЃАН(К)ИТЕ

ЦИВИЛ акредитира 79 набљудувачи за претстојниот Референдум за ГТЦ, а покрај нив веќе назначи уште 12 надворешни набљудувачи. Повикот за дополнителни надворешни набљудувачи стои отворен и нивниот број не го ограничуваме. ЦИВИЛ ќе ги распореди своите мобилни набљудувачи насекаде низ општина Центар.

Во името на ЦИВИЛ и други невладини организации кои ја поддржуваат оваа наша активност, да упатам едно барање. Нагласувам, ова не е апел, туку барање. Бараме да се почитува слободната волја на граѓанките и граѓаните! Бараме да се почитуваат демократските стандарди кои ги налага една ваква демократска процедура.

ЦИВИЛ ќе отвори прес центар во седиштето на организацијата, на ул. Максим Горки 31/1, од 7 часот наутро, до завршување на целиот процес, односно до завршување на броењето на гласовите.

За потребите на граѓанките и граѓаните, отворивме телефонска линија која ќе биде активна 24 часа, од овој момент па до крајот на референдумскиот процес. Сите останати информации и контакти и нашата локација се наоѓаат на нашата веб страна www.civil.mk.

ЦИВИЛ веќе има информации за текот на овој процес. Со информациите со кои располагаме ќе излеземе во текот на референдумскиот ден, односно тогаш кога тоа ќе биде можно, со оглед на референдумскиот молк. Со прелиминарен извештај од набљудувањето ќе излеземе веднаш по затворањето на гласачките кутии, а со целосен извештај ќе излеземе ден потоа.

Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани да ни помогнат во набљудувањето и да ни се јавуваат со информации и факти за текот на референдумскиот ден во општина Центар. Бидејќи се работи за долгорочно набљудување, тие можат да ни се јават со информации цело време.