На вториот дводневен семинар од вториот циклус на проектот „Граѓански објектив“ што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа во Велес, покрај предавањата, учесниците поделени во неколку групи, учествуваа и на практичниот дел – работилницата за граѓанско новинарство и снимањето прилози на велешките улици. ЦИВИЛ Медиа денеска го објавува прилогот на граѓанските новинари Лорета Петровска, Николетка Панева и Влатко Цеков, кои разговараа со земјоделец од Удово, валандовско, за тешкотиите со кои се соочуваат одгледувачите на зеленчук со пласманот на своите производи на пазарот, за субвенциите и за откупот, за непостоењето шанси за извоз во соседството, за недовербата во политичарите...
„Подобро е да се продаде стоката, да се откупува, отколку да ни се даваат субвенции, не ни требаат субвенции. Штом ќе се продаде стоката, јас ќе си вадам пари, а вака, фајде нема... За политичарите? Во кого да имаме доверба, немам во никого веќе доверба! Се знае, сите лажат, само да седнат на столчето. Граѓаните можат нешто да направат, зошто да не можат? Можеме... Ако ние граѓаните не го решиме тоа, тие не го решаваат, било која партија...“, вели соговорникот на граѓанските новинари.
Оваа вест е достапна и на: Albanian