Активисти од целиот свет на средба во Танзанија

Како резултат на успешната кампања и поддршката за активно учество на граѓаните, ЦИВИЛ е поканет на тродневниот Состанок на заедницата за граѓанска повелба на невладини организации и активисти од целиот свет, што ќе се одржи во Аруша, Танзанија од 26 до 29 јуни.

ЦИВИЛ е една од првите 50 организации потписници на Граѓанската Повелба во светот, на конференцијата Глобални перспективи во Берлин 2016 година. Организацијата е светски пионер во заложбите за промовирање на Граѓанската Повелба. Организацијата ја промовираше Граѓанската Повелба пред политички лидери и владини претставници.

Првиот градоначалник што ја потпиша Граѓанската Повелба е Максим Димитриевски од Куманово, понатаму Премиерот Зоран Заев, а преку неговиот специјален советник Марјан Забрчанец, изрази и поддршка за Граѓанската Повелба. Илјадници граѓани во десетина градови низ земјата се запознаа со Граѓанската Повелба во непосредна комуникација со активистите на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ е поканет на овој настан во Аруша за да го сподели своето искуство со дел од глобалната заедница, собрани по иницијатива и поддршка на Меѓународниот центар за граѓанско општество (ICSC). Состанокот се одржува во Аруша, Танзанија од 26 до 29 јуни.

Состанокот е во организација на Меѓународниот центар за граѓанско општество и според агендата има за цел да обезбеди простор за невладини организации и активисти да го споделат своето искуство и знаење, особено откако еднаш веќе биле ограничени да дејствуваат поради правни, политички, општествени и други ограничуваеа наметнати од страна на владеачките влади.

Првиот ден од состанокот вклучуваше 3 презентации на земјата, едниот за искуството на граѓанското општество во Македонија во промовирањето на Граѓанската Повелба, но, исто така и осврт за придонесот на општествените и политичките движења во соборување на владата со која владееше Никола Груевски.

Понатамошни дискусии вклучија Кампањи во почетна или ограничена фаза на напредок во 6 земји и учесници кои споделија различни перспективи, идеи и предлози за тоа како да се подобри нивниот опфат и конечно, да се прават кампањеи кои носат промени во општествата.

Тие дискусии и работни групи дојдоа до сознание за многуте заеднички аспекти во ограничувањата, третманот и активизмот низ светот. Од Хонг Конг, Сингапур, па до Аргентина, Уганда, Зимбабве, Кенија, Камерун, Танзанија, Русија, Украина, Македонија, Турција, Германија и други, додјдовме до заклучок дека: Иако  постојат различни фази на демократски и економски развој на општествата од каде доаѓаме, постојат сличности во стратегиите за заплашување што владите ги користат за да го замолчат граѓанското општество.

Оттука, борбата за слобода на движење, говор, информација, собирање се заеднички каузи и како такви можат да се подобрат со заедничка соработка и солидарност со оние кои некогаш имале потреба, со што ќе се исполни главната цел на Повелбата.

Јасмина Голубовска

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish