ЦИВИЛ вчера беше во посета на општините Липково, Куманово и Старо Нагоричани во рамки на проектот Акција - Интеграција.
На инфо-штандовите граѓаните на овие општини имаа можност да се запознаат со проектот, како и активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт за темите од областа на социјалната правда, европските вредности и зелените иницијативи.
Истовремено се одржа и работилница на тема „Каква Македонија сакам?“, на која зборуваа претставници на граѓанските здруженија и локалната самоуправа. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одвои време да зборува за европските вредности и зелените иницијтиви на локално ниво. Тимот на ЦИВИЛ спроведе и анкета меѓу граѓаните на Куманово на истата тема, кои оценија дека потребни се уште промени за да Македонија биде убава и просперитетна.
По успешниот ден во кумановскиот регион, денеска ЦИВИЛ е во Тетово, Врапчиште и Гостивар. Граѓанките и граѓаните на овие две општини ќе имаат можност, иско така, да се запознаат со проектините активности на ЦИВИЛ. На работилницата во Гостивар се очекува своите заложби на овие теми да ги презентира градоначалникот Арбен Тарави пред учесниците.
ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. На средбите што ќе се одржат во Гостивар и Куманово, учесничките и учесниците имаат можност да разменат мислења, ставови и информации за важните општествени и политички прашања, слободно и без ограничувања.