Утре, во организација на Опозицискиот совет и неколку албански опозициски партии, со почеток во 17:30 часот, во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото "Ден Д - Правда, демократија, достоинство". Протестот ќе започне во паркот во Чаир, а демонстрантите ќе маршираат до зградата на македонската влада.
Од Опозицискиот совет велат дека протестот се одржува на 9 мај, бидејќи на овој ден беше соборен фашизмот, тоа е воедно и Денот на Европа и на овој ден е роден сонот за обединета Европа. "На 9 мај, се одбележува денот на правдата која недостасува за нас, ден на погазената демократија, ден на прегазеното достоинство и ден на последната албанска несреќа во Куманово", се наведува во соопштението од Опозицискиот совет.
Оваа вест е достапна и на: Albanian