Алтхаузер: Преку реформите, Македонија да се врати на евроатлантскиот пат!

Германската амбасадорка, д-р Кристине Алтхаузер која ја отвори конференцијата „Слободни избори 2016“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во своето обраќање, порача дека е многу значајно потпишувањето на Кодексот за фер избори од лидерите на политичките партии, но дека уште позначајна е имплементацијата на овој документ во пракса, како и дека вистинската работа во Македонија, започнува по 11 декември..

„За помалку од три недели, државата ќе се соочи со предвремени парламентарни избори. Пред два дена, единаесет политички партии и коалиции, коишто ќе бидат дел од изборите, во просториите на ДИК, потпишаа Кодекс за фер избори. Тие се обврзаа да ги почитуваат изборните правила, и да не вршат притисоци врз државните службеници или вработени во компаниите со државен капитал“, порача германската амбасадорка.

„Времето на изборната кампања е кратко, но значајно. По 11-ти декември, работата нема да биде завршена, всушност, таа само што започнува. Со имплементација на реформите, државата треба да се врати на евроатланскиот пат“, рече госпоѓата Алтхаузер.

Оваа вест е достапна и на: Albanian