Амбасадорите и Твитер заедницaта - за фер избори!

Денеска на Твитер беше објавен апел од aмбасадорот на САД Џес Бејли, кој ги повика лидерите на партиите да спроведуваат кампања без уцени и насилство, како и да не се креваат политички меѓуетнички тензии. 

Тој, исто така, се согласи со твитот за извештајот на Европската комисија, која повика на фер и конструктивна кампања без насилство и манипулација на гласачите.

Европската комисија назначува во својата изјава дека изборите на 11-ти декември се шанса за земјата да излезе од кризата во која што се наоѓа, но само со избори кои ќе бидат класифицирани како фер и кредибилни од странските набљудувачи како и домашните.