Анкета: Дали политичарите ја сакаат Македонија?

Новинарите на ЦИВИЛ Медиа денес на скопските улици ги анкетираа граѓан(к)ите, кога би имале можност, на кој актуелен политичар би му поставиле прашање и што би го прашале. За жал, Македонија сé уште живее во страв, барем судејќи според одделни одговори, меѓу кои имаше и децидни ставови, дека „не е добро да се прашува, оти ако прашаш не знаеш што ќе те снајде“.

Значителен дел од анкетираните бегаа од камера и одбиваа да одговорат, со образложенија дека се презафатени или дека не ги интересира политиката. Еден од одговорите беше и дека „ние, граѓаните сме ниски, долу, за да поставуваме прашања“, а похрабар беше скопјанецот кој директно побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да им помогне на граѓаните, „оти немаат што да јадат“...

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента