Анкета на ЦИВИЛ: Ако треба, и со црниот ѓавол нека се коалицира, само не со Заев!

Во изминатата недела, по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 -ти декември, главно прашање во Македонија е дали ќе се состави влада и кој ќе ја состави? Екипата на ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓан(к)ите, низ центарот на Скопје, кои се поделени во размислувањата. Некои сметаа дека Зоран Заев ќе состави влада и конечно ќе излеземе од политичката криза, додека други изјавуваа дека Никола Груевски е тој што ќе ја спаси Македонија од странски влијанија.

Еден од анкетираните граѓани вели: „Груевски ќе состави влада затоа што е способен и го бива политички и економски. И името нема да го даде! Околу 170 илјади неграѓани на Македонија примија во времето“.

На прашањето со кого Груевски ќе состави влада, граѓанинот одговори „Ако треба, и со црниот ѓавол нека состави влада, само не со Заев“!

Дел од граѓан(к)ите сметаат дека нема услови за составување на нова влада.

Оваа вест е достапна и на: Albanian