ЦИВИЛ – Центар за слобода во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, спровдува онлајн анкета со прашања кои се однесуваат на притисокот кој се врши врз институциите, на довербата на граѓаните во нивното објективно и професионално работење и на условите за одржување на избори на 24 април.
Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде да го детектира ставот на граѓанките и граѓаните за политичката криза и работата и делувањето на сите чинители во изборен контекст.
Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.
Истовремено, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се вклучат во работата на нашата организација како граѓански набљудувачи и граѓански новинари и со своите пријави, коментари и сугестии да придонесат кон создавање услови за слободни избори. Посетете ја веб страницата на ЦИВИЛ, онлајн формуларот за пријава на политички и други притисоци и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
Оваа вест е достапна и на: Albanian