Гласот на граѓаните е насловот на најновата анкета на ЦИВИЛ со десет прашања кои се однесуваат на политичката состојба, преговарачкиот процес, изборите и меѓуетничките односи. Анкетата се спроведува како дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ посветен на заштита на гласачкото право и придонес кон процесот на создавање услови за слободни избори во Република Македонија.
Оваа анкета е само еден мал сегмент од проектите на ЦИВИЛ кои вклучуваат долгорочен мониторинг на состојбите и процесите во земјата, а кои се во контекст на политичката криза и процесите поврзани со нејзино надминување. Суштествен дел од тие процеси се напорите за демократизација и владеење на правото.
Без оглед на тоа дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат во терминот предвиден со договорот за надминување на политичката криза потпишан на 2 јуни/15 јули или тој рок ќе се пролонгира, на нашата земја ѝ е потребно јакнење на јавната свест за правата на гласачите и создавање услови за слободни избори. Проектите на ЦИВИЛ оваа година се во потполност фокусирани токму на таа цел – слободни избори. Сознанијата од овие анкети, како и од сите други проектни активности на ЦИВИЛ се јавни.
Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.
Оваа вест е достапна и на: Albanian