Анкета на ЦИВИЛ: Генерациски јаз околу условите за фер избори

Тимот на ЦИВИЛ Медиа ги анкетираше граѓанките и граѓаните на Скопје за нивниот став – можни ли се избори наесен, има ли услови за спроведување на изборите и дали би го оствариле своето право на глас, со оглед дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во јавноста најавуваат предвремени парламентарни избори.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=lJvsjgvCDG4[/youtube]

Меѓу анкетираните, повеќето повозрасни лица одговараа дека се исполнети сите услови и дека нема потреба од одолговлекување на изборите, бидејќи оваа политичка состојба, само и наштетува на државата. Помладите меѓу анкетираните од тимот на ЦИВИЛ Медиа, главно се со став дека не се создадени услови за спроведување на фер и демократски услови и дека нема да гласаат доколку политичката ситуацијата не се промени.

Новинарка: Биљана Јордановска

Камера:  Дехран Муратов

Оваа вест е достапна и на: Albanian