Анкета на ЦИВИЛ: Повеќето Албанци сакаат коалиција со Заев

Иако не е сигурно која политичка партија ќе добие мандат за формирање на нова влада, партиите веќе почнаа да прават пресметки со кого ќе коалицираат. Јасно е дека нова влада нема да може да се состави ако не се вклучат и албанските политички партии, и во тој контекст, ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните низ Скопје: со кого треба да коалицираат албанските партии? Речиси сите одговорија дека најдобро за албанското население и за сите граѓани воопшто во Македонија, ќе биде ако се формира нова влада која ќе биде составена од лидерот на опозицијата Зоран Заев, со учество и на албанските партии.

„Албанските политички партии треба да коалицираат со Зоран Заев, затоа што тој мисли добро за сите граѓани и не ги дели“, вели еден од анкетираните.

„Со ВМРО-ДПМНЕ бевме 15 години и ништо не добивме, сега треба да ја ’пробаме среќата’ со Заев“, изјави друг граѓанин.

Оддделни анкетирани  граѓан(к)и зад камерата на ЦИВИЛ рекоа дека се плашат јавно да го кажат своето мислење, затоа што може да имаат последици. Но, велат дека треба да се заврши со националистичката политика и сите да живеат заедно без разлика на етничката или верската припадност.

Оваа вест е достапна и на: Albanian