Анкетата „Избирачкиот список и работата на ДИК“ завршува утре

Во тек е онлајн анкетата на ЦИВИЛ – Центар за слобода „Избирачкиот список и работата на ДИК“, во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“. Анкетата ќе трае до утре, 31 март, а од добиените резултати ќе се детeктира ставот на граѓан(к)ите за неправилностите во Избирачкиот список и дали е доволно  времето за прочистување на списокот до 5 јуни.

За да одговорите на анкетата, која ќе ви одземе најмногу една минута, кликнете ТУКА.

„Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е проект кој произлегува од потребата на граѓан(к)ите да се вклучат во создавањето услови за спроведување слободни избори. Проектот е финансиран од Министреството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Исто така, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки  и граѓани кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, да испратат кратка биографија, мотивачиско писмо и фотографија на е –адресата [email protected]. Крајниот рок и за пријавување на набљудувачи е четврток - 31 март.

Оваа вест е достапна и на: Albanian