Јанкулоска и Грујевски денеска на распит

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски,  и уште тројца вработени во Министерството за внатрешни работи, денеска се на распит во Кривичниот суд, за случајот "Тврдина".  Судијаката Александра Поп Стефанија ќе ги сослушува осомничените, иако претходно ја спореше надлежноста на Специјалното Јавно обвинителство, за овој случај, 

Кривичниот совет донесе одлука со која го укина решението на судијката Поп Стефанија и предметот го врати на повторно одлучување. Жалбите на СЈО  за одземање на пасошот на ексминистерката Гордана Јанкулоска и уште двајца началници беа уважени и денеска треба да одлучува дали ќе им бидат одземени нивните патните исправи. За началникот Грујевски, СЈО побара мерка притвор.

Иако отворен од СЈО, пред повеќе од два и пол месеца, разрешницата на овој предмет постојано се одлага. Кај првиот судија, среде распит на Јанкулоска и се слоши, а потоа следуваше и аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. Со повелекувањето на одлуката за помилување, предметите се вратија онаму каде што застанаа, но запнаа околу притворите.

Случајот „Тврдина“ се однесува на уништување на опрема и уреди за следење на комуникации во сопственост на МВР.  Осомничени се двајца началници во Управата за безбедност и контраразузнавање и ексминистерката за внатрешни работи, кои во првата половина од 2015 година ја злоупотребиле службената положба и овластувања и по усмена наредба на ексминистерката, со умисла ги уништиле системите за следење на комуникации, со што нанеле штета на буџетот на Република Македонија во износ од 10 милони евра.

ЦМ